Кристијано Роналдо, еден од најбогатите спортисти во светот, го претстави својот нов, приватен авион чија вредност се проценува на 73 милиони долари. Станува збор за надградена верзија на авионот Gulfstream G650, кој е меѓу најлуксузните, најмодерните и најбрзите авиони во светот.
Во патничката кабина, која е поделена на три дела, можат да се сместат до 19 патници. Она што го издвојува авионот е сјајниот метален труп на кој се изгравирани неговите иницијали, CR7, и фигурата што го прикажува во неговата позната поза за прослава на гол.
Роналдо претходно поседувал
Gulfstream G200 , кој, според британските таблоиди, го продал за да купи нов авион, пишува
порталот Al Arabia во своето англиско издание.
Португалската фудбалска ѕвезда се најде на врвот на листата на Форбс за најплатени спортисти за 2024 година , со заработка од 260 милиони долари, од кои 200 милиони се од платата во фудбалскиот клуб Ал Наср и 60 милиони долари од спонзорства и неговиот бренд CR7, кој вклучува облека, aкцесоари хотели и спортски сали.
Фудбалерот е и најследената личност на Инстаграм, со база од 645 милиони следбеници. Тој наплаќа милиони долари за секоја спонзорирана објава.