Кристијано Роналдо игра на врвно ниво повеќе од 20 години и е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Собори многу рекорди, а неговата неверојатна работа и посветеност на тренинзите продолжуваат да го следат.
Сето тоа си го направи своето, а последиците се гледаат на неговото тело.
Имено, Роналдо објави фотографија на која „ги полни батериите“ и одмара на тераса додека ги опушта мускулите со специјализирани уреди на лежалка покрај базенот, со врвен поглед на морето.
Но, фановите забележаа и како изгледаат неговите стапала, а многумина беа шокирани од глетката.
Ноктите му се со модринки, прстите полни со калуси и испакнатини.
Тоа само покажува колку врвните спортисти се жртвуваат и дека последиците се гледаат на нивните тела.