Роналдо отиде кај „Дедо Мраз“: Позираше опкружен со ирваси, па ги шокираше сите со потег на Северниот пол (фото)

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо ја искористи паузата во првенството на Саудиска Арабија за да се одмори со семејството.

Португалецот реши да ги однесе своите најблиски во Лапонија, северниот дел на Финска, каде што според легендата живее Дедо Мраз и од каде го започнува своето патување кога им дели подароци на децата ширум светот.

Несомнено, децата на Роналдо уживаа во снежната идила и магија, а очигледно тоа му се допадна и на самиот Роналдо, кој на својот Инстаграм објави неколку фотографии од одморот на Северниот пол.

Меѓу сликите на кои ужива на снегот со членовите на семејството, се издвојува фотографијата на која Роналдо е опкружен со ирваси.

Но, дефинитивно најлудата слика е онаа кога Роналдо го соблече дресот и позираше среде замрзнатиот Северен пол, каде според пишувањата на медиумите е минус 20.

Сепак, Кристијано очигледно пука од здравје и форма, што се гледа и од фотографиите на неговото тело кое е во топ форма.

Кристијано моментално е изедначен на второто место на табелата за најдобар стрелец во Саудиска Арабија со 10 гола, исто колку и неговиот поранешен соиграч Карим Бензема. Сепак, пред нив е Александар Митровиќ, кој постигна 12 гола.

Ал Наср на Роналдо моментално е на четвртото место со 25 бодови, пред Ал Кадасија со 28, Ал Хилал со 34 и Ал Итихад со 36 бодови.