Еден рудар загина, а двајца се водат за исчезнати откако во понеделникот вечерта беше поплавен рудник за јаглен во градот Велење, соопшти во вторникот компанијата што стопанисува со рудникот.
„Во моментот на одронот во рудникот работеле 14 рудари. Тројца не го напуштиле рудникот и се водат за исчезнати“, соопштија од компанијата Премоговник Велење по несреќата. Оттогаш е пронајдено едно тело.
Спасувачите ја продолжуваат потрагата по двете исчезнати лица, а на местото на несреќата се очекува словенечкиот премиер Роберт Голоб. Исчезнатите ударите се на 31, 32 и 50 години, додека загинатиот имал 23 години.
Директорот на рудникот Марко Мавец изјавил дека тешко дека ќе бидат пронајдени живи.