Рускиот воздушен напад врз Криви Рих, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски предизвика штета на инфраструктурата и станбените згради.
Укринформ пренесува дека ова на Телеграм го објавил Олександр Вилкул, шеф на Советот за одбрана на Криви Рих.
– Во прекин се централните колектори, електричните инсталации и тролејбуските линии. Оштетени се многу станбени згради. Нападна беше и болницата – изјави Вилкул.
Тој додаде дека комуналните служби работат на отстранување на последиците од нападот.
– Фала му на Бога, сите се живи – заклучил Вилкул.
Украинформ наведува дека во претходните извештаи било соопштено дека синоќа во Криви Рих се слушнале експлозии, по што градот останал без струја.