Русија затвора делови од својот воздушен простор поради ракетни тестови што ќе бидат извршени денеска и утре.
Ова синоќа го објави Киев пост на официјалниот профил на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), повикувајќи се на руските медиуми.
Се наведува дека слично известување добило и кога Русија вчера ја лансираше балистичката ракета „Орешник“ врз украинскиот град Днипро.
Скај њуз јавува дека утринава во 8 часот и 25 минути по локално време властите на Санкт Петербург соопштија дека летовите на меѓународниот аеродром „Пулково“ во родниот град на рускиот претседател Владимир Путин се привремено прекинати.
Британската телевизија наведува дека има информации за неидентификуван летечки објект, поради што се подигнати руски борбени авиони и испратени да истражат за што се работи.
Засега нема официјално објаснување за причините за прекинот на летовите, а од Кремљ соопштија дека Путин е запознаен со ситуацијата на аеродромот.
Во меѓувреме, соопштено е дека воздушниот простор над аеродромот „Пулково“ е повторно отворен за сообраќај.
Путин не го коментираше прекинот на летовите, кој траеше околу еден час.