Русија и Украина разманија по 205 заробеници од двете страни

Русија и Украина денеска разменија 205 воени заробеници од двете страни, соопшти руското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти дека руските војници кои беа вратени се подложени на психолошки и медицински проценки во Белорусија пред да бидат префрлени во Русија за понатамошен третман и рехабилитација.

„На 6 мај, како резултат на преговарачкиот процес, 205 руски војници беа вратени од територијата контролирана од режимот во Киев. За возврат, 205 воени заробеници од вооружените сили на Украина беа префрлени“, се вели во соопштението.

Министерството ги пофали напорите за посредништво на Обединетите Арапски Емирати во олеснувањето на размената на затвореници и изрази благодарност за нивните хуманитарни придонеси.

Претходната размена се случи на 19 април, кога Русија и Украина ослободија по 246 затвореници.