– Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека оружјето доставено до Киев се користи од организаторите на протестите во Франција поради смртта на тинејџер.
„Оружјето испорачано на Киев завршува во рацете на истите демонстранти и се користи против полицијата таму, во Франција“, рече Захарова на брифинг со новинарите во Москва.
„Во својата поддршка за Украина, Западот и НАТО ја отворија Пандорината кутија, која ќе им се врати како бумеранг“, порача таа.
Нахел М., 17-годишен тинејџер од алжирско потекло, беше застрелан од непосредно растојание од полицаец во париското предградие Нантер кон крајот на минатиот месец.
Оттогаш Франција ја зафатија насилни протести со жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите, грабежи и палење возила и контејнери во многу градови во земјата.
Полицаецот се соочува со формална истрага за намерно убиство и се наоѓа во притвор.