Руската воена полиција во акција: Уапсени четворица членови на Вагнер (фото)

Руската воена полиција денеска го уапсила шефот на огранокот на паравоената група „Вагнер“ во Сувејда на југот на Сирија, како и тројца високи команданти во воздухопловната база Хмеимим, објави Комерсант, повикувајќи се на сириските медиуми.

Се додава дека воената полиција дошла и во претставништвата на паравоената група во Дамаск, Хама и Даир ел Заур.

Властите на Сирија и Русија сè уште не ги коментирале овие наводи.