– Основачот на руската приватна воена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, изјави дека се подготвени да го зголемат бројот на своите војници во африканските земји.
Пригожин, гостувајќи на телевизискиот канал „Африка Медија“, кој се емитува во Камерун, рече дека бројот на војници на „Вагнер“ во Африка нема да се намали, туку дека се подготвени дури и да го зголемат бројот во тие земји.
Тој нагласи дека новите трупи веќе се упатени во Централноафриканската Република во рамките на ротација.
Пригожин додаде дека сака да се воспостават уште посилни односи со африканските држави.
Лидерот на „Вагнер“ замина за Белорусија по бунтот што го започна против руската Влада на 24 јуни, а последен пат е виден како разговара со единиците на „Вагнер“ во Белорусија на 17 јули.
Тогаш Пригожин во своето обраќање рече дека платениците на „Вагнер“ по обуката и стекнатото искуство ќе бидат пратени кон Африка.