Рускиот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава 

Роман Бурцев, Русин кој е познат како двојник на холивудскиот актер Леонардо ди Каприо, е поканет да ѝ се придружи на војската на Владимир Путин, откако неговото дебелеење влијаело на неговата актерска кариера.

Според „Сан“, невработениот лик, кој се здобил со популарност како двојник на Ди Каприо, забележал дека му се измолкнуваат новите деловни можности поради неговата дополнителна тежина.

Иако очекуваше дека улогата на двојник ќе му донесе слава, богатство и семејство, ангажманите во реклами не беа доволни.

Пред да стане двојник на Ди Каприо, Бурцев работел како ИТ специјалист. Русинот Ди Каприо пред да замине во војна живеел со своите родители и една мачка во изнајмен стан во Подолск, недалеку од Москва.

Бурцев е осум години помлад од холивудската ѕвезда.

Бидејќи актерската кариера не му ги донела очекуваните резултати, повремено работел на пазарот и во железара, но тоа не било доволно за да биде финансиски стабилен, па завршил во војската на Путин.