Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии (ОFAC) денеска воведе санкции за Ненад Стевадниќ, Жељкa Цвијановиќ, Радован Вишковиќ и Милош Букејловиќ.
Во согласност со извршната наредба 14033, денес Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД вклучи еден функционер од државно ниво во Босна и Херцеговина и тројца службеници во владата на Република Српска, еден од двата ентитета кои ја сочинуваат БиХ, на листата на санкционирани лица.
Како што е соопштено од Министерството за финансии на САД, овие лидери се директно одговорни за поттикнување на усвојување на закон во Народното собрание на Република Српска со кој одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина се прогласуваат за неприменливи во РС, со што го попречуваат и загрозуваат спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор.
Брајан Нелсон, потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање, изјави: ,,Оваа постапка претставува натамошна закана за идниот пат на оваа земја и нејзината успешна интеграција во евроатлантските институции. Ќе продолжиме да им даваме поддршка на граѓаните на Босна и Херцеговина и нивните напори за зачувување на владеењето на правото и одржување на мирот и просперитетот“.
Претседателот на РС, Милорад Додик, беше предлагач на Законот за неизвршување на одлуките на Уставниот суд на БиХ пред НСРС, а главен предлагач на неговото донесување. САД воведоа санкции на Додик на 5 јануари 2022 година, во согласност со Извршната наредба 14033 за одговорност за или вмешаност во и директно или индиректно учество во, кршење или дејствија што претставуваат опструкција или закана за спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор, како и во коруптивни практики.
Претходно, САД, согласно извршната наредба 13304, воведоа санкции против Додик на 17 јули 2017 година за попречување на Дејтонскиот мировен договор. Откако НСР го усвои овој закон во јуни 2023 година, високиот претставник во БиХ на 1 јули ги искористи своите овластувања да ја поништи оваа регулатива, јавно го осуди законот како чин на поткопување на регионалниот уставен поредок, владеењето на правото и распределбата на власта.
И покрај постапките на високиот претставник, со цел да се укине овој закон, Додик го потпиша Указот за стапување во сила на законот на 7 јули 2023 година.
Денешното соопштение за санкции е продолжение на претходно воведените санкции и забраната за издавање визи за влез во САД со цел да се поттикне одговорноста на лицата кои ги поткопуваат демократските процеси или институции. Овие акции се дел од пошироките напори што Владата на САД ги вложува во промовирањето на мирот, стабилноста и функционалната демократска влада во регионот на Западен Балкан.
Поединци вклучени во процедури насочени кон разбивање на државата Босна и Херцеговина
Процесот на донесување закони и веб-страницата на НСР јасно укажуваат дека лицата вклучени во денешното објавување санкции и наведени подолу се одговорни за свикување на посебна седница на НСРС на 27 јуни 2023 година, со цел да се гласа за оваа провокативна регулатива. На 27 јуни 2023 година на барање на Радован Вишковиќ, Ненад Стевандиќ и Жељкa Цвијановиќ беше свикана посебна седница на НСР, а Милош Букејловиќ во име на Владата на РС го претстави законот на НСРС. Следствено, овие четири лица се одговорни за поттикнување на усвојувањето на оваа регулатива, која претставува закана за спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор.
За донесување на Законот за неизвршување на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, јавно повика и претседателот на НСРС, Ненад Стевандиќ, кој свика седница на која гласаше за овој закон. Неговиот потпис и печатот на претседавачот се под текстот на Одлуката. Премиерот Радован Вишковиќ го промовираше и Законот за непримена на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, нарекувајќи го легитимен одговор до Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Како функционер, Вишковиќ јавно го осуди Уставниот суд на Босна и Херцеговина за неодамна донесените одлуки кои ги сметаше за неповолни за РС.
И членот на Претседателството на БиХ, Жељкa Цвијановиќ, пред усвојувањето на законот, се сретнала со Додик и ја потврдила нејзината апсолутна согласност со него за идните одлуки. Цвијановиќ јавно ги бранеше своите постапки по изгласувањето на Законот за неизвршување на одлуките на Уставниот суд на БиХ.
На 11 април 2022 година, тој беше вклучен во списокот на санкционирани лица од Обединетото Кралство за поткопување на легитимитетот и функционалноста на Босна и Херцеговина. Како министер за правда на РС, Милош Букејловиќ е одговорен и за изработката на Законот за неизвршување на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.
Букејловиќ го поддржа законот при неговото излагање пред Народното собрание на РС, повикувајќи го да го усвои законот заради покажување на „единството“ на РС.
Денешните активности на OFAC се насочени исклучиво кон овие четири лица, а не кон институциите или владините позиции што тие ги претставуваат и имаат.
OFAC ги вклучи Стевандиќ, Вишковиќ, Цвијановиќ и Букејловиќ на листата на санкционирани лица во согласност со Извршната канцеларија 14033 за одговорност за или соучесништво, за директно или индиректно учество во повреда или акција со цел да се попречи и загрози спроведувањето на кој било регионален договоp во областа на безбедноста, мирот, соработката или договорите за меѓусебно признавање или рамки или механизми за одговорност поврзани со Западен Балкан, вклучително и Договорот од Преспа од 2018 година, Охридскиот рамковен договор од 2001 година, Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, Дејтонскиот договор или Заклучоците од Конференцијата на Советот за имплементација на мирот одржана во Лондон во декември 1995 година, вклучувајќи одлуки или заклучоци на високиот претставник, Советот за имплементација на мирот или неговиот управен одбор, или Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, или во врска со поранешна Југославија , Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали.