САД се отворени за признавање на Крим како дел од Русија

САД се подготвени да ја признаат руската контрола врз украинскиот регион Крим, пишува Блумберг.

Извори за овој американски медиум изјавија дека Вашингтон е отворен за таков потег како дел од поширокиот мировен договор меѓу Москва и Киев.

Според овие извори, конечна одлука за ова прашање се уште не е донесена.

Некогаш скапоцен камен на Руската империја, стратешки важната територија на Црното Море има долга историја, вклучувајќи го и отпорот кон нацистите за време на Втората светска војна и најновата анексија од Владимир Путин во 2014 година.

Кога Русија ја започна својата инвазија на Украина, претседателот Володимир Зеленски првично беше внимателен во тоа како јавно ги изразува своите амбиции за оваа крајбрежна територија.

Но, како што минуваше времето и со зголемените победи на украинските трупи на бојното поле, неговата позиција стана појасна: Крим е Украина и вооружените сили повторно ќе го преземат.

Инаку, Русија ја започна својата инвазија на украинската држава на 24 февруари 2022 година, предизвикувајќи илјадници жртви и голема материјална штета.