Соединетите Американски Држави ѝ позајмија на Полска четири милијарди долари за купување оружје, потврди полскиот министер за одбрана.
„Имаме уште еден договор за заем со САД, кој ќе помогне за брза трансформација на вооружените сили на Полска во рамките на финансирањето на странските армии“, напиша полскиот министер за одбрана и вицепремиер Владислав Косињак-Камиш на социјалната мрежа Х.
„Четири милијарди долари сега, вкупно 11 милијарди долари САД ѝ понудија на Полска за вооружување, вклучително и системи за противвоздушна одбрана Патриот и хеликоптери Апачи“, додаде полскиот вицепремиер.
Камиш заемот го опиша како дополнителен доказ за големата доверба и силен полско-американски сојуз.