Сакале со него да водат љубов на гробишта но тој ги одбил! Полицијата го пронашла телото во шума: Откриена е страшната вистина (ВИДЕО)

Руската полиција уапси две жени осомничени дека до смрт претепале маж кој одбил да се сретне со нив во тројка на гробишта, пишува Мирор.

Станува збор за 29-годишна жена и 37-годишна жена кои заедно со несреќниот 63-годишен маж пиеле алкохол во дворот на црквата на локалните гробишта во градот Ставропол во југозападна Русија. Откако мажот наводно ги одбил за тројка, двете жени во бес почнале да го тепаат.

Во извештајот на локалната полиција се наведува дека го претепале до смрт, а потоа го одвлекле неговото тело во шумата и го закопале во дупка таму.

Откако телото било пронајдено во шумата, жените биле уапсени, а се појавиле и видео снимки од полицијата како ги носи осомничените на местото во шумата каде го пронашла телото на мажот.

Полицијата извести дека напаѓачите со тупаници и клоци ја удирале својата жртва во главата и торзото, при што таа починала. На осомничените им е изречена мерка притвор во траење од два месеци.