Сакал селфи со ајкула, а потоа се покајал: Веднаш го зграпчила за ногата, се слушнале вресоци, сè било снимено

Американецот Шон Мјуз заврши со повреда на ногата откако се обиде да се фотографира со ајкула на плажа во Флорида.

Инцидентот се случил минатата сабота, кога Мијус и неговите пријатели отишле на ноќен риболов за да го прослават неговиот роденден. Според видеото, група Американци ја извлекле ајкулата на брегот, а славеникот позирал за фотографија.

Ајкулата нападна во миг

Неколку моменти подоцна, некој се вмешал: „Браво, другар“, а потоа сè тргнало наопаку. Додека младиот човек ја држел ајкулата за главата, а неговиот пријател за опашката, таа се свртела во миг и го зграпчила за ногата.

Несреќниот човек почнал да вреска од болка, додека морскиот предатор исчезнал во длабочините, пренесува ProtoThema.

Вознемирувачкото видео предизвика лавина од коментари на мрежите, а многу корисници го критикуваа повредениот млад човек.

Решиси фатално селфи

„Си играш со животот и ова се последиците“, напиша едно лице, а друго додаде: „Требаше да ја вратиш во водата, а не да ја сликаш“.

Ајкулата во видеото припаѓа на видот Negaprion brevirostris и е заштитена со закон.

Според Комисијата за заштита на рибите и дивиот свет на Флорида , имало ретки инциденти на напади врз луѓе без фатални последици.