Само едма жена е избрана за градоначалник во првиот округ

Само една жена беше избрана за градоначалник во првиот круг од локалните избори во 2025 година – Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја води Општина Кисела Вода.

Покрај неа, во вториот круг се пласираа уште три кандидатки: Марија Нацева (ВМРО-ДПМНЕ) во Неготино, Наталија Димитриева (ВМРО-ДПМНЕ) во Демир Капи и Соња Стаменкова (СДСМ) во Македонска Каменица. На овие избори се натпреваруваа вкупно 309 кандидати за градоначалник, од кои само 32 беа жени, што е 10,35 проценти од вкупниот број.

Во Прилеп имаше повеќе кандидати – тројца – додека по двајца се натпреваруваа во Битола, Велес, Карпош, Кисела Вода, Неготино и Центар.