Кралицата Елизабета почина на 8 септември 2022 година на 97-годишна возраст.
Веста за смртта на кралицата Елизабета на 8 септември 2022 година го изненади светот . Кралицата почина на 97-годишна возраст и зад себе остави нешто што зборува за нејзиното повеќедецениско владеење подобро од било која лента или тиара.
Имено, Елизабет водела свој дневник, на кој вредно работела речиси секој ден, до последниот здив.
Биографот на британското кралско семејство, Роберт Хардман, сега во ревидираната верзија на книгата „Charles III: The New King, The New Court, Тhe Insider’s Story“ го објасни последниот запис за втората најдолговечна жена монарх во историјата.
Според него, на 6 септември 2022 година, само два дена пред да почине, со своето пенкало напишала пет зборови кои ќе останат во историјата како последни на кралицата.
„Не е изненадувачки, таа беше вредна во својата документација, иако болеста ја правеше сè послаба“, напиша Хардман.
„Eвдард дојде да ме види“, напиша таа.
Како што објаснува кралскиот биограф, станува збор за приватниот секретар на кралицата, Сер Едвард Јанг, кој во тоа време правел планови со неа за церемонијата на полагање заклетва на новите министри.
„Излегува дека таа сè уште го пишувала во Балморал два дена пред нејзината смрт. Нејзиниот последен запис беше фактички и практичен како и секогаш“, заклучил Хардман, пренесува
Glossy.