Светот на авто-мото тагува: Почина еден од најголемите таленти (17), доживеа несреќа со брат му

Светот на авто-мото спортот тагува за еден од своите најталентирани возачи, 17-годишниот Федерико Гутиерез, кој загина во несреќа во Мексико.

Гутиерез загина во сообраќајна несреќа во која учествуваше со неговиот брат Макс. И двајцата со хеликоптер биле пренесени во болница во Мексико Сити, но помладиот брат не можел да се спаси. Тој беше прогласен за мртов.

Од друга страна, постариот брат Макс е хоспитализиран со тешки повреди, но неговиот живот не е загрозен.

Младиот возач беше голема ѕвезда во подемот на авто-мото спортовите. Овој возач на НАСКАР беше прогласен за најдобар дебитант минатата сезона во серијата NASCAR Mexico Challenge.

„Ние сме уништени од загубата на нашиот пријател и возач Федерико Гутиерез Хопе. Нашите мисли и молитви се со семејството Гутиерез во овој тежок момент“, се вели во соопштението на НАСКАР.
Постариот брат Макс е веќе етаблирано име во спортот, откако го имаше своето деби во конкуренцијата НАСКАР во Соединетите држави.