Светска банка: Македонија, Косово и Молдавија меѓу земјите со најголем пад на населението

Северна Македонија, Косово и Молдавија се меѓу земјите што доживуваат најголем пад на населението во светот, според новиот извештај на Светска банка, пренесува „ Н1“.

Главната причина за овој тренд е масовната емиграција, особено од источноевропските земји каде што разликата во платите со западноевропските земји и можностите што ги отвора интеграцијата во Европската Унија ја поттикнуваат миграцијата на работна сила.

Албанија е на деветтото место на листата од 42 земји и територии со најголем пад на населението.

Според Светската банка, регионот на Источна Европа е еден од најпогодените од овој демографски тренд во последните децении.