ВМРО-ДПМНЕ и Александар Николовски лажат, имаме поповолни кредити и во овој момент, со помала камата од договорениот во четири очи на Мицкоски во Будимпешта.
Ова е политички кредит.
Условите под кои се зема ова задолжување се далеку понеповолни, со камата повисока од најавената од 3,25% и сето тоа врз грбот на граѓаните.
Македонија е веќе корисник на кредит од 150 милиони евра од Европската банка за развој по многу подобри услови и помала камата од 1,6% со грејс период од 24 месеци и рок на отплата од 12 години.
Зошто без никакви други обиди преку контролирани механизми на задолжување од меѓународни финансиски организации Мицкоски сака да земе кредит во четри очи?
Задолжувањето на државата со нови 500 милиони евра од Унгарија, договрено во 4 очи, нема никаква врска со специјална економска соработка. Кристално јасно е дека позади ваквиот дил се кријат политички интереси кои многу брзо ќе излезат на виделина.