Петар од Уганда се преселил во Канада поради љубов. Сега живее таму со својата партнерка Мари, а своето секојдневие го објавуваат на TikTok.
Пред неколку дена објавија видео од првата средба на Петар со снегот. „О Боже! Многу сум среќен што првпат гледам снег. Толку е убав и бел“, повторуваше воодушевениот Петар. „Мило ми е што те запознав“, се пошегува тој.
Видеото е прегледано над седум милиони пати. „Каква прекрасна реакција“, „Ова ми го разубави денот“, „Како повторно да го доживувам детството гледајќи го ова видео“, коментираат корисниците на TikTok.