Тројка во кревет е многу дискутирана тема. Некои луѓе не ни сонуваат за тоа, додека други толку многу го посакуваат споменатото искуство што размислуваат дури и да му дадат ултиматум на партнерот за да го остварат ова.
Ако навистина се согласувате со изразот – ménage à trois, се поставува прашањето за наоѓање на уште еден партнер/ка во креветот. Каде да го барате ? Во кафуле ? Можеби размислувате за пријател или некој со кој сте се забавувале претходно ? И што се случува потоа ? Дали работите ќе се искомплицираат ?
Прија, читателка на британскиот весник Huffington Posta, по остварување на ова искуство се нашла во дилема, па побарала совет.
„Мојот сопруг одбива да престане да разговара со жената со која имавме тројка“, го објаснила Прија проблемот што следел после сексот во тројка.
„Станува збор за пријателката на мојот сопруг. Сфатив дека се во постојан контакт по тројката и му реков да престане да разговара со неа. Неколку месеци подоцна ми кажа дека продолжил со комуникацијата и дека ја видел два пати, но ми кажа дека тие немале ништо, затоа што сега се само пријатели. Бев многу бесна… Нашата доверба беше целосно уништена односно престана да постои. Кога повторно реков дека сакам да прекине секаков контакт со неа, тој одби. Тој кажа дека ќе ми докаже дека се само пријатели, дека тој не сака да биде со неа, а таа со него, но и дека нема да престанат да комуницираат“, се пожалила Прија.
Таа признава дека не мисли дека нејзиниот сопруг ја изневерува, но чувствува дека тој не ја почитува со тоа што оди против нејзините желби.
„Му верувам дека тие се само пријатели, но сето тоа изгледа како лизгава патека, а ние веќе преживеавме толку многу поради неа. Повредена сум што тој дури и ризикува да ме изгуби мене“, налутено кажала Прија.
Дали нејзиниот сопруг греши ? Дали треба да се нервира што нејзиниот партнер сè уште разговара со жената со која на крајот спиеле заедно ?
Советничката за врски Џорџина Смит разбира дека на Прија и е тешко да се движи низ новата ситуација, а бесот и тагата што ги чувствува и се сосема јасни.
„Ова е навистина одличен потсетник дека поканувањето било кој друг во сексуалниот живот на двојката треба темелно да се дискутира и однапред да се договорат границите. Секоја половина од парот има право да изрази загриженост за пријателствата надвор од врската и мора да размисли како тоа ќе се одрази на нивната врска без нивниот партнер да реагира дефанзивно. Ова е особено точно во овој случај кога несигурноста е разбирлива, со оглед на преминувањето на сексуалните граници што веќе се случиле“, објаснува советничката за врски.
Дали нејзиниот сопруг треба да престане да разговара со таа жена ?
„Ќе биде тешко за било кој освен за парот да го одреди тоа. Ја разбирам гледната точка на сопругот – тој не се сомнева дека неговите чувства кон оваа личност се платонски и не разбира зошто пријателството би било закана за неговата сопруга. Сепак, неговата сопруга има силни чувства за тоа и вистинската работа за врската би било да ги стави потребите на неговата сопруга на прво место“, вели советнчката и посочува дека мажот треба да го преиспита она што оваа личност му го нуди емоционално и она што неговата сопруга не може или не го сака.
Друа советничка за врски, Џорџина Смит, наведува неколку чекори низ кои треба да помине еден брачен пар за да ја надмине кризата во нивната врска:
Работењето со советник за парови би било одлично место за почеток – безбеден, неутрален простор за да се проветри што и да се случило.
Комуникацијата која вклучува емпатија и љубезност исто така би била клучна – ова е многу сложен збир на околности.
Посветеноста на иднината која негува доверба би била жртва – подготвеноста да се биде транспарентен или, на пример, целосно да се прекине секаква комуникација со луѓе надвор од бракот може да биде важна.
Неопходно е заедно да се воспостават прифатливи граници околу ова пријателство, идни пријателства и идни сексуални практики.
Неопходно е да се открие што треба да се промени во врската за таа да биде исполнета и емоционално поддржувачки простор за мажот и жената.