Хочкиновиот лимфом, иако ретка форма на рак, може да биде опасен ако симптомите се игнорираат, но раната дијагноза овозможува излекување до 90 проценти од пациентите.
Лимфомот е рак на белите крвни зрнца, кои се клучни за имунолошкиот систем на телото. Овие клетки, кои циркулираат низ крвотокот и лимфните јазли, го штитат телото од разни болести, вклучувајќи го и ракот . Меѓутоа, во одредени случаи, белите крвни зрнца стануваат патолошки и придонесуваат за развој на болеста.
Според податоците на организацијата „ Cancer Research“ , Хочкиновиот лимфом не е меѓу 20-те најчести типови на рак, но се очекува стапката на инциденца да се зголеми за 13 проценти во периодот од 2023 до 2040 година.
Овој рак може да се појави на која било возраст, но најчесто ги погодува луѓето на возраст од 20 до 40 години. Експертите ја нагласуваат важноста од редовни прегледи на лимфните јазли од лекар, бидејќи симптомите често се неспецифични. Еден од впечатливите симптоми е чешањето на кожата, кое често се јавува после пиење алкохол или туширање со топол туш. Многу пациенти погрешно се лекуваат од атопичен дерматитис или други кожни болести поради тоа.
Д-р Асиф Ахмед, британски општ лекар, во видеото на TikTok предупреди дека симптомите на оваа болест не треба да се игнорираат.
@dra_says Common cancer in younger people. Dont ignore if you have any symptoms. Educational purposes only. #cancer #cancertest #cancerdiagnosis #bloodcancer #lymphoma #hodgkinslymphoma #hodgkinslymphomaawareness #doctor #privatedoctor #privategp #weightloss #fevers #nightsweats #lymphoma #lymphnode #enlargedlymphnode #lump #lumpinneck #chemotherapy #radiotherapy #cancersigns #cancersymptoms ♬ original sound – Dr Ahmed
– Кај Хочкиновиот лимфом одреден тип Б-лимфоцити неконтролирано се размножува и формира групи во телото, најчесто во лимфните јазли на вратот, пазувите и препоните – истакна д-р Ахмед.
Најчест симптом е отечениот лимфен јазол, кој е тврд, воспален и не исчезнува по четири до шест недели. Покрај тоа, други симптоми вклучуваат:
- постојана кашлица или отежнато дишење
- покачена температура
- необјаснето губење на тежината
И покрај агресивната природа на овој рак, Хочкиновиот лимфом е еден од најизлечивите видови малигни заболувања. Пред десет години трајните излекувања беа ретки, но денес, благодарение на медицинскиот напредок и раната дијагноза, дури 90 отсто од пациентите имаат шанса за целосно закрепнување.
Редовните прегледи и внимателното следење на симптомите можат да направат пресудна разлика во борбата против оваа болест.