Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп зборуваше по информациите дека сирискиот претседател Башар ал Асад ја напуштил земјата откако бунтовничките сили влегле во Дамаск.
Трамп рече дека „Башар Ал Асад избега од земјата откако ја загуби поддршката од Русија“.
– Асад исчезна. Неговиот заштитник, Русија, Русија, Русија, на чело со Владимир Путин, повеќе не беше заинтересиран да продолжи да го штити – изјави Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Да потсетиме дека Башар Ал Асад наводно го напуштил Дамаск со авион, а бунтовничките сили во телевизиско обраќање рекоа дека го зазеле главниот град и дека „тиранинот Башар Ал Асад паднал“.
Белата куќа наскоро објави дека претседателот во заминување Џозеф Бајден и неговиот тим внимателно ги следат последните случувања во Сирија.