Пред неколку месеци сиот свет бруел за 26-годишните младенци од Индонезија. Имено, најубавата бајка се претворила во кошмар само 12 дена по венчавката.
А.К. неговата сегашна сопруга Адинда Канза ја запознал минатата година. И двајцата истакнале дека тоа била љубов на прв поглед. Биле во врска една година и веднаш одлучиле да се венчаат. Никој не можел да претпостави што ќе се случи на првата брачна ноќ.
Во текот на нивната врска, Адинда носела традиционален муслимански хиџаб кој ѝ го прекривал целото лице. А.К. сето време го фалел тоа, посочувајќи дека носењето хиџаб го сметал како знак за нејзината посветеност на исламот. Адинда му открила на нејзиниот сопруг, тогашен вереник, дека нема семејство, поради што венчавката се одржала во неговиот семеен дом.
Сè се одвивало во најдобар ред. Парот се венчал на 12 април, но А.К. почнал да се сомнева неколку дена подоцна. Забележал дека неговата сопруга одбива интимност, постојано зборувала дека има менструален циклус или дека не се чувствува добро. Потоа му било необично што Адинда не го тргала хиџабот. Го носела цело време и во домот, и тогаш, 12 дена по венчавката ја пронашол адресата на која живеела.
Таму ги затекнал нејзините родители. Сосема изненаден, одлучил да разговара со нив, а потоа ја дознал горчливата вистина – Адинда всушност била маж. Родителите на Адинда не ни знаеле дека „нивниот син е во врска, а камоли дека е оженет“. Полицијата соопштила дека Адинда секогаш се однесувала како жена и имала женски глас: „Ако ги погледнете нивните свадбени фотографии, Адинда изгледа исто како вистинска жена. Има нежен глас и тон, па воопшто не постоеше сомнеж дека е жена“, соопштиле од полицијата.