Се повеќе малолетници користат дрога

Македонија врие од дрога, полициските билтени секојдевно ги полнат инфорамции за приведени консументи,меѓу нив има и деца. Бизнисот на ова тло со години цути,полицијата апси, но состојбата е повеќе од загриживачка,вели професорот по криминологија Стефан Буџакоски.

“Имаме зголемен број на дилери на дрога, меѓутоа во Македонија подолго време не се придаваше големо значење на растот на злоупотреба на дрогата и тоа донесе до поголем раст.Дури ако направиме поголема продлабочена анализа ќе видиме дека состојбите со косумирање на дрога се загрижувачки”-вели Стефан Буџакоски,универзитетски професор

Во охридско струшкиот регион па дури и во малите градови од внатрешноста има голем број на уживатели на дроги, но и експериметирање со нови видови на дроги кои се посебно присутни кај најмладата популација укажува Буџакоски.Струшката полиција јавно обелодено што се случува во регионот. Состојбите велат не можат да се сменат преку ноќ.