Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди источна Турција, јавува EMSC.
Земјотресот е регистриран на 33 километри југоисточно од Малатија, на длабочина од осум километри.
Три минути подоцна, уште еден земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Адијаман, исто така во источна Турција.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.