Светот на фудбалот може да доживее големи пресврти! Според последните информации од Англија, на Манчестер Сити му се одземаат дури 40 бода!
Порталот „Goal.com“ објави дека оваа остра казна ќе го потресе Сити, а клубот од Манчестер ќе ја добие доколку биде прогласен за виновен за кршење на правилата за финансиски фер-плеј.
Доколку тоа се случи, Сити ќе остане со само еден бод од 15 кола до крајот на Премиер лигата и големо прашање е дали ќе успее да избори опстанок. Да потсетиме дека Манчестер Сити се соочува со повеќе од 115 обвиненија за кршење на финансиските правила.
Оваа ситуација ја коментираше и д-р Роб Вилсон, професор по економија на Универзитетот Шефилд Халам и водечки експерт за фудбалски финансии, кој во интервју за „Слинго“ ги презентираше своите прогнози.
– Не очекувам да испаднат од лигата. Мислам дека ќе има големо одземање на бодови, претходно претпоставував дека ќе се искачи на 50. Но тогаш беа на врвот во Премиер лигата. Сега мислам дека одбивањето би било некаде помеѓу 20 и 40 поени, а веројатно и трансфер ембарго летото. Очекувам да бидат казнети, но тоа ќе биде победа за Манчестер Сити и победа за Премиер лигата, бидејќи тоа ќе биде најголемото одземање на поени што некогаш го имале, но нема да биде толку силно за навистина да го дестабилизира клубот. Мислам дека ембаргото за трансфери е речиси загарантирано, бидејќи мора да се обезбеди одреден степен на спортски санкции – изјави Вилсон.
Покрај одземањето бодови, Сити ќе се соочи и со забрана за трансфери во текот на летото, а многумина оваа казна би ја доживеале како победа на сите – и на „граѓаните“ и на премиерлигашите, особено ако тимот од Манчестер успее да опстане во елита.
Што мислите, дали Манчестер Сити ќе биде казнет и ако е така, дали ќе успее да опстане во Премиер лигата?
Пишете ни во коментари да ги чуеме вашите мислења.