СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО КАНАДА: Удар посилен од 5 степени според Рихтеровата скала!

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Канада .

Земјотресот е регистриран во 6:37 часот, во областа на островот Ванкувер.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на EMSC , се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.