Силјановска-Давкова го предлага Трајко Славески за нов гувернер

Претседателката на земјата, Гордана Силјановска Давковка, го предложи името на Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка во Собранието.

Од кабинетот на претседателката Силјановска нагласуваат дека изборот бил тежок поради докажаниот квалитет на сите кандидати.

„Ве известуваме дека претседателката Гордана Силјановска до Собранието го достави предлогот на Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка.“

При донесувањето на одлуката, претседателот се водеше од стручноста и компетентноста, достоинството и интегритетот, како и од реалната можност за назначување на кандидатот.

„Сакаме да нагласиме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, велат од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова.