Новак Ѓоковиќ од пред две години соработува со швајцарската компанија „Ибло“ (Хаблот) и го носи нивниот луксузен часовник.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во средата одржа прес-конференција во Белград на која зборуваше за сите случувања на Австралија опен, како и за своите планови за во иднина, а додека стоеше пред десетици новинари од Србија и во странство внимание привлече еден детаљ на раката.
Станува збор за елегантен часовник на брендот „Ибло“ (Хаблот) , компанија со која Новак Ѓоковиќ има спонзорски договор од 2021 година. Заради повеќе од успешната соработка со нив, тој секогаш по натпреварите го става часовникот на зглобот, а потоа им се обраќа на медиумите во ТВ преносот, а подоцна и на прес-конференцијата, а овој пат тоа го направи и по тренинг, потврдувајќи уште еднаш колку ги почитува сите што останале со него кога пишувало „дека го напуштаат поради контроверзите“ .
Станува збор за часовник „Hublot Big Bang Meca 10 ceramic“, кој може да се купи и во слободна продажба. На официјалната страна на компанијата Ибло чини 24.100 долари.
Интересно е што ова е моделот на часовник кој Новак Ѓоковиќ го носи од 2021 година, а е далеку од најскап во спортот , а камоли во тенисот. Така, Флојд Мејведер имал часовник вреден дури 18 милиони долари (Jacob & Co. Billionaire Watch) кој бил украсен со дијаманти, додека, на пример, Рафаел Надал носел „Ричард Мил“ од 725.000 американски банкноти. Уште поскап часовник е во сопственост на Серена Вилијамс, па нејзиниот „Audemars Piguet Diamond Outrage“ вреди 1,2 милиони долари, пренесува „Business Insider“.
Еве како изгледа часовникот на Новак Ѓоковиќ одблиску: