Судскиот случај на Манчестер Сити, кој беше обвинет за дури 115 прекршувања на финансиските правила, сè уште не го добил својот епилог, а нов сличен скандал веќе се појави во Англија. Челзи овој пат е во проблеми.
Челзи е обвинет за дури 74 прекршувања на правилата на Англиската фудбалска асоцијација (ФА) во врска со трансферите на играчи. Поточно, за правила поврзани со соработка со агенти и инвестиции од трети страни во играчи.
Лондонскиот клуб е обвинет за кршење на прописите во периодот од 2009 до 2022 година, кога клубот беше во сопственост на Роман Абрамович.
Фудбалската асоцијација (ФА) во соопштението изјави дека поголемиот дел од обвинувањата „се однесуваат на настани што се случиле помеѓу сезоните 2010/11 и 2015/16“.
Случајот беше пријавен во ФА од страна на сегашните американски сопственици на клубот за време на нивната анализа за преземањето на клубот, а сега Челзи ќе мора да даде официјална изјава до 19 септември.
Фудбалската асоцијација (ФА) има на располагање широк спектар на санкции, од кои најголемите се одземање на бодови и/или забрани за трансфери.
Во Челзи се надеваат дека ќе добијат лесна казна поради фактот што ги пријавиле неправилностите што ги забележале, а целата сага треба да заврши многу брзо, веројатно дури и пред исходот со Манчестер Сити.