СКОПЈЕ ВО СТРАВ ОД ПРЕСМЕТКА НА КРИМИНАЛНИТЕ КЛАНОВИ: Постои веројатност дека црното сценарио ќе продолжи, крвавото убиство НЕ е последно

Полицијата интензивно трага по сторителите на двојното убиство во кафеана на Скопско Кале. Во овој вооружен инцидент животот го загубија Јетон Кривањева познат по прекарот Жила и Енес Исени попознат по прекарот Лаци.

Хроничарите на состојбите во скопското криминално подземје укажуваат на тенденцијата дека „голема е веројатноста црната низа да продолжи и стравуваат дека овој крвав инцидент не е последен!

Воедно, се посочува дека во Скопје веќе во неколку наврати се случувале убиства, кои може да се поврзат со низа конфронтации меѓу ривалските групи.

Последното убиство во серија, извршено завчера, во позната кафеана во Старата скопска чаршија според упатените, покажало дека тоа не било случајно. Напротив, напаѓачите влегле со разработен план и цел – да убијат и тоа го направиле. Затоа, експертите велат дека овие пресметки не се нималку наивни и дека ништо не е готово. Според нив, конфликтот е меѓу две криминални групи Беланоча и Грчец и ќе трае се додека едната не го преземе скопското подземје.

Напаѓачите со црни фантомки влегле во кафеаната и ладнокрвно пукале. Според досегашните информации од МВР, пукањето се случило околу 20.00 часот.

Вчера наутро во Чаир можеше да се забележи агитација на локалното население. Видно вознемирените граѓани велат дека не се чувствуваат безбедно бидејќи не знаат каде ќе се случи следната тепачка и кој ќе настрада поради тоа, ниту виновен ниту одговорен.

Не е првпат името на убиениот по прекар Жила да се споменува во црните хроники. Според познавачите на криминалното подземје, тој бил близок со сега починатиот Камер Идризи-Камбер, кој беше убиен на 13 мај 2021 година, на еден од најголемите муслимански празници, Рамазан Бајрам. На повредите им подлегна и 24-годишниот братучед на Л.П. Двајцата, неофицијално, биле дел од криминалната организација Грчец, а нападите ги извршиле членови на групата Беланоча.

Жила и Камбер се обиделе да ги убијат уште во 2019 година во хотелот Александар Палас, но тогаш напаѓачите не успеале во намерата. Тогаш напаѓачите со автоматско оружје и фантомки на лицата упаднале во хотелот, а полицаец во цивил кој во тој момент седел на иста маса со нападнатите спречил поголеми последици за нападнатите. Полицаецот пукал во напаѓачите во самоодбрана, по што тие се повлекле.

Има долга серија обиди да се убие некој близок на Камбер, во чија група бил Жила, односно да се убие член на групата од Грчец.

Минатата година, повторно неколку дена пред големиот верски празник Рамазан Бајрам, во чајџилница, во близина на супермаркетот „Принц“ во Чаир, Скопје, беше убиен најстариот брат на Камбер, Јонуз Идризи. Потоа две лица со автоматско оружје отвориле оган кон Идризи, а и тој починал на лице место.

ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА : SHUTTERSTOCK

Според познавачите на скопското подземје, односите меѓу Беланоча и Грчец се заострија некаде во 2005 година, кога во тепачка загина Нејмедин, кој беше брат на Џелал Ајети Јела, кој беше убиен во 2013 година во неговата чајџилница во Ченто. И двајцата беа дел од Беланоча. Нападот на Џелал е сличен на оној вчера. Убиецот, маскиран во фантомка, со пиштол влегол во чајџилницата и испукал најмалку 30 куршуми.

Во 2018 година, друг брат на Џелал, Наим Ајети, беше убиен во пресметка со гангстерски автомобил во центарот на Скопје на улицата Рузвелтова.

По овој напад веднаш следеше напад врз Камбер и Јетон во хотелот Александар Палас, по што стана јасно дека двете криминални групи меѓусебно се напаѓаат. А потоа напаѓачите побегнале и го запалиле возилото на периферијата на Скопје.

Според упатените, борбите нема да завршат додека не биде убиен и последниот. Во моментов, велат некои анализи, меѓу овие две групи има пресметка која трае долги години и ќе продолжи се додека не се исчистат сите членови на групата од Грчец, за да може Беланоча да го преземе скопското подземје.

Криминалната група Грчец работи со изнуда, рекет и дрога, а на истите области дејствува и Беланоча. Извршителите на убиствата во ниту еден случај не се пронајдени.