Скопје утрово е меѓу првите пет најзагадени градови во светот со индекс на загаденост 175, објави платформата „IQAir“. Воздухот во главниот град влезе во категоријата „нездрав“.
Концентрацијата на ПМ2,5 честичките во Скопје е за 14,8 пати поголема од годишната вредност на упатствата за квалитет на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).
Од градовите во регионот најблиску до Скопје е Сараево (шесто место).
А според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина, синоќа на полноќ во сите скопски општини загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките е над дозволената концентрација од 50 милиграми на метар кубен воздух.
Загаден воздух има и во Тетово, Гостивар, Кичeво, Битола, Струмица, Кавадарци и Куманово.