Единаесет затвореници со висок ризик, вклучувајќи некои обвинети за убиство, избегаа од затвор во Њу Орлеанс во петокот со помош на инсајдер, а во тек е потрага по нив, соопштија властите.
За време на рутинско пребројување во петокот наутро, чуварите во затворот во Њу Орлеанс, во кој претежно се сместени затвореници кои чекаат судење или пресуда, открија дека 11 затвореници, на возраст од 19 до 42 години, се водат како исчезнати.
Затворениците избегале околу 1 часот по полноќ. Прво ја искорнале лизгачката врата од ќелијата,
потоа го пробија ѕидот, вадејки го тоалетот и мијалникот , изјави шерифката
Сузан Хатсон на попладневната прес-конференција.
🚨 WILD ESCAPE: 11 INMATES BREAK OUT OF ORLEANS JAIL THROUGH TOILET HOLE 🚽🕳️
— ViralNewsHQ™ (@viralposts2323) May 17, 2025
In a jaw-dropping jailbreak, 11 inmates escaped by crawling through a hole under a toilet — and left a note behind: “Too easy, LOL.”#OrleansJail #Jailbreak #TooEasy #BreakingNews #PrisonEscape #USA… pic.twitter.com/2Sd6tT6qV3
– Безбедносните камери ги снимија мажите како бегаат преку товарниот док, се качуваат по ѕидот и го преминуваат блискиот автопат – објасни таа.
– Двајца затвореници беа фатени во петокот, но останатите се уште се во бегство. „Имаме индикации дека овие затвореници добиле помош при бегството од лица во нашиот оддел“, рече Хатсон.
Вработен во затворот, кој ги следел снимките од надзорните камери, го видел бегството, но не ги известил заменик-шерифите , објасни таа.
Таа не ја детализираше помошта што ја добиле затворениците.
Државната полиција на Луизијана извести дека бегалец е пронајден како се крие под автомобил во хотелска гаража во познатиот Француски кварт во Њу Орлеанс.
Шефицата на полицијата во Њу Орлеанс, Ан Киркпатрик, на прес-конференција изјави дека нејзиниот оддел бил известен за бегството од затворот околу два часа откако затворениците исчезнале, од кои некои се обвинети за убиство. Таа смета дека е загрижувачки што нејзиниот оддел не бил известен порано.