Собранието го изгласа Законот за заштита на децата, прифатени се само два амандмани од ВМРО и ЗНАМ

Со 65 гласа „за“ и 17 „против“ Собранието попладнево го изгласа Законот за заштита на децата, откако претседателката Гордана Силјановска Давкова претходно не го потпиша указот за прогласување на Законот. Со Бадентер гласаа 12 пратеници, шест „за“ и шест „против“.

За овој закон беа поднесени вкупно шест амандмани, од кои четири беа поднесени од СДСМ и Левиц не беа прифатени, а два од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ беа прифатени.

По донесувањето на Законот за заштита на децата, претседателката Силјановска Давкова ќе има обврска да го потпише Указот.

Во елаборатот на претседателот беше истакнато дека изгласаните измени на Законот содржат некои спорни одредби. Таа во појаснувањето нагласува дека направила длабоки анализи и стручни консултации, по што бара ревидирање на одредбите од членовите 9 и 10 од Предлог-законот.

Претседателката во образложението вели дека членовите од законот треба да се преиспитаат во светло на амандманот 5 од Уставот и постојниот закон за употреба на јазиците.

Претседателот ја нагласи и одредбата од член 182 став 5 од Законот за заштита на децата со која се уредува начинот на добивање, продолжување и одземање на лиценцата за работа, формата и содржината на образецот за лиценца, кои ги утврдува министерот.