Сопругата на премиерот заедно со волонтери подготвуваше оброци за социјално загрозени лица

Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, денес се приклучи на тимот волонтери во црковно-народната кујна „Свети Спас“ во Лисиче.

Заедно со останатите волонтери, подготвуваше оброци за социјално загрозените граѓани и учествуваше во бојадисување на велигденски јајца, во пресрет на претстојните велигденски празници.

На хуманитарната акција ѝ се приклучија и пратеникот Бојан Стојаноски, како и градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески.