Колумбиско-американската актерка Софија Вергара откри на социјалните мрежи дека е хоспитализирана и дека имала операција на коленото.
„Заврши! Втора рунда“, напиша таа. Таа објави и фотографија од коленото завиткано во завој. Многу следбеници ѝ посакаа брзо закрепнување во коментарите.
„Прекрасна си по операцијата. Како си?“, „Ти праќам љубов“, „Ти носам торта“, се некои од нив.
Во август 2024 година, таа сподели фотографија од лузната на коленото по првата операција и му се заблагодари на својот лекар, Џастин Салиман.
„Ако некогаш имате голема операција на коленото, погрижете се да најдете згоден доктор кој ќе спие со вас таа вечер“, напиша таа. Таа кратко време беше во романтична врска со овој доктор.
Таа сè уште не открила како се случила повредата, за која биле потребни две операции. Патем, Вергара ужива ова лето со ѕвездата на НФЛ, Том Брејди. Тие беа на Ибица. Извор за Page Six го опиша тоа како летна романса.