Сочен колач со боровинки готов за само половина час

Состојки:

4 јајца

80 гр шеќер

прстофат сол

Сок од 1 лимон

250 мл “buttermilk”

75 гр брашно без глутен

75 гр брашно од ориз или тапиока

50 гр пченкарен скроб

2 лажички прашок за пециво

80 гр боровинки

Подготовка: Во сад изматете јајца со шеќер и сол. Додадете buttermilk и сок од еден лимон. Измешајте ги сувите состојки во смесата: брашно без глутен, оризово брашно, пченкарен скроб и прашок за пециво. Со лесни движења измешајте ги боровинките во тестото за да не се смачкаат и да не се обои целата торта. Подмачкајте го садот за печење и прелијте го со смесата. Печете 25 до 30 минути во рерна загреана на 180 Целзиусови степени. Кога колачот малку ќе се олади, исечете го на коцки, посипете со шеќер во прав и послужете веднаш.