Колку и да сте вешти во правењето фризури, неуспесите се доста чести.
Една жена по име Џуно ја сподели својата „пропадната“ фризура на TикТок, испраќајќи јасен потсетник дамите да „не си играат“ со високите температури.
Имено, Џуно речиси секојдневно правела различни фризури, но во една прилика кога сакала да ја свитка косата со фигаро, уништила поголем прамен. Редовно правела вакви локни и работата со пегла за виткање и е ни оддалеку непозната, но кога го спушти веќе загреаното фигаро за да премине на друго праменче, останала шокирана.
Го спуштила на тоалетната школка, која почнала да се топи од температурата на нејзиното фигаро.
Таа не забележала дека има стопена пластика на добро познатата алатка за виткање и почнала да го витка праменот околу фигарото.
Почувствувала смрдеа, а кога погледнала во коренот на косата, видела нешто како гума за џвакање.
Во видеото таа покажува како се обидува да го извади, но пластиката веќе се изладила и цврсто стои на нејзиниот прамен. Во одреден момент дури го замолила сопругот да и’ помогне, но решението веќе било јасно – таа морала да го пресече тој прамен.
Додека таа внимателно го сечеше праменот, во позадина се гледа нејзината ќерка, која шокирано гледа што прави нејзината мајка.
На крајот остана само почетокот на праменот кој поради оштетување стои исправено.
– Изгледам како петел – се пошегува Џуно. – Ова нека биде лекција за сите – напиша таа во описот на видеото кое има повеќе од 850.000 прегледи.
И повеќето од луѓето во коментарите споделија свои искуства, велејќи дека им се случило поради такви работи да ги уништат гардеробите, теписите и паркетот и дека јасно е дека ова е првото нешто на кое треба строго да се внимава.