Спортистот направи масакр на својата свадба: Младоженецот зел пиштол, па ги убил невестата, нејзината мајка и сестра, а на крајот се убил себеси (фото/видео)

Познатиот тајландски параолимпиец Чатуронг Суксук (29) направи масакр на својата свадба минатиот викенд.

Суксук ја застрелал својата нова невеста, нејзината мајка и сестра, а потоа се самоубил.

Масакрот се случил во саботата околу 23:25 часот во семејна куќа во североисточниот дел на Тајланд. За време на прославата, Чатуронг се скарал со својата избраничка Канчана Пачунтуек. Тој отишол до автомобилот и се вратил со пиштол, ја убил невестата, потоа нејзината мајка Кингтонг и на крајот сестрата на невестата Корника.

Чатуронг испукал 11 куршуми и ранил уште двајца гости пред да го стави пиштолот во уста и да се застрела.

Засега ништо не се знае за мотивот, но некои гости сугерираат дека спортистот бил несигурен поради инвалидитет и дека бил пијан и рекле дека се сомневал дека сопругата ќе го изневери.

https://youtu.be/eEakzPHgIec

Параолимпиецот беше успешен пливач, освојувајќи го среброто во пливање на Параолимписките игри во Индонезија минатата година.