Откако министерот за финансии Фатмир Бесими стори кривично дело по член 166 од Кривичниот законик поради тоа што тој свесно не се придржува кон закон за платата и надоместоците на платата и со тоа повредува, одзема или ограничува право што на работникот му припаѓа и не им ги зголеми платите на вработените во МФ иако има законска обврска да го стори тоа, Владата во обид да го спаси усвои предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за буџети што за среќа на работниците не е поминат во собраниска процедура, па владејачкото мнозинство сега бара свои полтрони пратеници кои денеска на Законодавно правна комисија треба да сторат кривично дело по членот 166 и да го амнестираат министерот и неговиот избор да не почитува закон и тие да се заглават и да сторат кривично дело преку тоа што ќе го толкуваат членот 66, став 3 од Законот за буџети по желба на Министерот за финансии Бесими.
Ваква срамна дискриминација кон вработените во најважната владина институција не е видена во спроведување на правото и функционирање на правната држава, па прашуваме дали владините претставници кои пред само еден месец го фалеа и се фалеа со ваквото добро законско решение кое значи вреднување на вработените, сега ги омаловажуваат и дискриминираат своите вработени, па доколку истите ставот го менуваат од денес до утре за платите на работниците кои им се право утврдено во согласно со Закон, за што друго го менуваат ставот и на кој му е доверена државната каса на располагање и дали тоа значи дека одредени министри се над законите, а одредени пратеници се ништо повеќе од само аминџии на таквите политики на одредени министри.
Сојузот на синдикатите на Македонија во следните денови ќе поднесе кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими и против сите инволвирани кои не сакаат да го почитуваат законот кој сами си го донесоа и се пишманија, а на штета на работниците.