Лепа Брена со децении е дел од јавната сцена, а за сите тие години стекна слава со која не може да се пофали ниту една пејачка на нашите простори.
Најголема популарност имала во осумдесетите кога настапувала со „Слатки грех“, но таа слава до ден денес не е намалена.
На една страница на Инстаграм се појави фотографијата на Брена на која таа е во друштво со познатиот музичар Оливер Мандиќ.
Можеме да кажеме дека колегите беа расположени ако се суди по насмевката на Брена.
Веруваме дека оваа објава многумина ги врати во некои дамнешни времиња, кога овие двајца луѓе беа во зенитот на својата популарност.