Тијана Максимовиќ попозната како Тијана Ајфон не престанува да провоцира на социјалните мрежи. Старлетата неодамна отвори страница „OnlyFans“.
Таа се посвети на новата работа, која, според сите пресметки, и’ носи добар профит.
Тоа го поткрепува и видеото кое таа го објави на социјалните мрежи.
-Многу луѓе ме мразат што ја отворив мојата веб-страница, медиуми, коментари, луѓе, но како што можете да видите, луѓето на мојата веб-страница ме обожаваат – вели Тијана покажувајќи банкноти од 100, 200, 500 евра во рацете.
Таа се пофали со наводната афера, додека нејзините следбеници ја осудија поради видеото.
-Лажни пари, кој те гледа тебе, ти си пластична кукла – ова се само дел од коментарите под видеото кое таа го објави.
Инаку, Тијана на овој сајт ја покажува својата провокативна содржина и ја наплаќа од корисниците кои сакаат да ја гледаат. Оваа платформа го доживеа својот најголем подем за време на пандемијата на корона вирусот, кога луѓето бараа нови можности за работа од дома. Тогаш колегите на Ајфон го отворија својот профил на оваа страница, а најголемото изненадување беше поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ која тврди дека одлично живее со објавување на провокативни содржини и споделување интимни видеа со корисниците преку Интернет.