Хрватската старлета Ава Карабатиќ е пуштена од клиника за рехабилитација по тешка битка со алкохолизмот.
Таа со години се бори со злобниот порок, а во канџите на алкохолот падна во јуни годинава, кога заврши на клиника. Како што вели, се препуштила на алкохолот по проблемите со психичкото малтретирање кое го доживувала.
– Поминав два месеци во клиника за одвикнување од алкохол и излегов пред неколку дена. Изненадена сум колку ми помогна, последен пат кога се слушнавме бев во станот, но таквата изолација не може да помогне со овој порок. Потребна е стручна помош и грижа, па сето тоа сега навистина вроди со плод. Се чувствувам како да сум нова личност сега. Многу луѓе кријат дека имаат проблем, но јас отидов на време и реков дека имам проблем. Сакам нов почеток и кога ќе бидам подготвенс, ќе се вратам во шоуто – изјавила Карабатиќ и додала дека е подготвена да сврти нов лист во животот:
– Сакам луѓето да запознаат нова Ава, нешто досега невидено. Не беше лесно, не им беше ниту на холивудските ѕвезди кои редовно ги посетуваат овие клиники, но молчат. Сега сум среќна жена, а јавноста ќе има можност самата да се увери кога ќе дојде време – изјави Ава.
Да потсетиме, Ава претходно изјави дека се соочила со психичко малтретирање, и дека тешко ги поднесува коментарите на околината дека ја работи најстарата професија.