Старлетата и поранешна водителка Сораја Вучелиќ се породи и на свет го донесе наследникот Кан.
Сораја не крие дека е пресреќна, а истакнува дека се чувствува убаво и дека и стигнуваат честитки од сите страни.
– Ви благодарам многу за вашите искрени желби, се чувствувам убаво, бебето е супер, а јас сум супер, сè помина добро. Не би коментирала повеќе, се надевам дека ме разбирате, сакам максимално да уживам во овој момент, но ќе има можност да се дружиме и да разговараме за сè – изјави ексклузивно Сораја за „Република.рс“.