Угледен бизнисмен со британско потекло Колин Армстронг (78) наводно бил киднапиран во Еквадор.
Група од 15 киднапери, според локалните медиуми, упаднале во неговиот ранч во провинцијата Лос Риос и ги зеле Армстронг и неговата партнерка кои се од колумбиска националност .
На социјалните мрежи, наводно, кружи видео кое покажува знаци на присилно влегување заедно со траги од крв и ограбени соби. Полицијата потврди дека го истражува киднапирањето во Баба во провинцијата Лос Риос.
Армстронг, кој е британски почесен конзул во Гвајакил, е основач на голема компанија во Еквадор наречена Agripac која произведува и продава земјоделски и индустриски производи . Тој, исто така, поседува голем имот во Јоркшир каде што пораснал.
Бизнисменот доби признание за неговите услуги на британската монархија во 2011 година.
– Специјалните единици на полицијата спроведуваат оперативни и истражни активности – изјави портпаролот на еквадорската полиција.
Медиумите јавуваат дека жената која беше киднапирана со него е неговата сопруга.
Црното БМВ на исчезнатиот бизнисмен наводно било пронајдено напуштено на патот меѓу Баба и блискиот град Салитре.
Се претпоставува дека киднапирањето се случило во саботата околу 2:45 часот по локално време. Исто така, кружат неофицијални информации дека киднаперите биле облечени во полициски униформи.