Никој не призна дека ја истурил храната
Летот на „Саутвест ерлајнс“ од Атланта до Хјустон доцнел еден час бидејќи никој од патниците не сакал да го собере истурениот ориз.
Стјуардесите одбиле да го расчистат нередот и не му дозволиле на пилотот да полета додека патниците не го тргнале оризот од подот.
– Беше долг ден и очигледно е дека целосно го сменија кадарот. Сигурна сум дека беа уморни – изјави една патничка Џенифер Шапер.
Според неа, кога сите патници седнале на своите места, среде авионот бил забележан ориз.
– Не видов што точно се случи, но веројатно некој патник истури голема порција ориз, а стјуардесата толку се налути што не не дозволи да полетаме. Го прашала секој патник поединечно кој го истурил оризот – изјавила патничката.
Потоа друга стјуардеса ја покрила истурената храна со салфетки. Сепак, никој не призна дека го истурил оризот на подот на авионот ниту станал да се исчисти.
– На крајот стјуардесата го исчисти местото, цело време ни кажуваше дека сме непристојни и дека е длабоко разочарана – рече Шаперова.
По повеќе од еден час драма, авионот конечно полета.