Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена истрага против англискиот фудбалски судија Дејвид Кут, по објавувањето на видеото на кое наводно се гледа како користи кокаин за време на Европското првенство во Германија летово.
„Етичкиот и дисциплинскиот инспектор на УЕФА ќе процени потенцијално прекршување на дисциплинските прописи на УЕФА од страна на судијата Дејвид Кут“, се вели во соопштението на УЕФА.
Кут беше асистент во ВАР собата на осум натпревари на Европското првенство.
Британскиот дневен весник „Сан“ во средата објави видео на кое се гледа како Кут ја шмрка дрогата користејќи банкнота од американски долари.
Во извештајот се вели дека инцидентот бил снимен еден ден по последниот натпревар на Куте, четврт-финалето помеѓу Португалија и Франција.
Куте беше суспендиран од англиското судиско тело во понеделникот, откако на друга снимка се гледа како тој дава навредливи коментари за менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Поради тој инцидент Фудбалскиот сојуз на Англија покрена истрага против Кут.